Сите министри од ДУИ денеска доставиле оставки од функциите кои ги извршуваат
Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.
„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!
Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.