Македонија

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ – во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави

Инфлуенсерите да си одберат, регистрација во АВМУ или прекршочна пријава. Ако сте блогер и имате над 10.000 следбеници  на некоја социјална мрежа, мора да се регистирате во АВМУ. Тоа мора да го сторите до март годинава, во спротивно ќе се соочите со прекршочна пријава.

Иако од Агенцијата повеќепати испратија повици и опомени за креаторите на содржини да се пријават,  досега само седум лица уредно си ја завршиле обврската, иако бројот на инфлуенсери во Македонија е далеку поголем.

Измените во медиумската легислатива се направени во јуни 2023-та година, кога и првпат беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите. Овие субјекти сега подлежат на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Експертите посочуваат дека во овој процес е важно да бидат вклучени и самите инфлуенсери, но и секоја реклама што ја постираат на социјалните мрежи да биде правно регулирана.  

Во Европа не постои унифициран закон за контрола и регулација на инфлуенсерите, туку тоа се прави со повеќе законски акти, со приоритет на тоа граѓаните да не бидат изманипулирани или измамени.

Задолжителното регистрирање важи за сите инфлуенсери, влогери, креатори на содржини, јутјубери кои спорелуваат видеа на Јутјуб, Инстаграм, Тикток, имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници.

Остваруваат економски интерес од медиумската услуга, но и за оние креатори кои во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons