Синер го победи Алкараз во големото финале и првпат го освои Вимблдон
Јаник Синер со 3-1 во сетови го победи Карлос Алкараз и ја освои својата четврта грен-слем титула, прва на Вимблдон.
За Алкараз ова беше трето финале по ред на Вимблдон, имаше серија од 20 победи по ред на овој турнир, но денеска на тоа му дојде крајот.
Шпанскиот тениски ас одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4, но потоа се променија работите.
Во продолжението од мечот Синер направи пресврт, доби три сета по ред со идентични 6-4, 6-4 и 6-4 и се израдува на победа од 3-1 во сетови.
Италијанецот ја прекина доминацијата на Синер на Вимблдон и ја освои својата прва титула на овој турнир.