Синер без загубен сет до полуфиналето на Ролан Гарос
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Првиот рекет на светот го победи Александар Бублик со 3:0 во четвртфиналето, во сетови 6:1, 7:5, 6:0, по еден час и 45 минути игра.
Синер продолжи со одличните настапи во Париз, стигнувајќи до полуфиналето без да загуби сет. Синер го започна мечот фуриозно и брзо поведе со 5:0, со две брејк топки. Бублик успеа да освои гем, но тоа беше сè и Италијанецот го доби првиот сет по 35 минути.
Најголемата борба се случи во вториот дел од играта. Бублик одигра одлично и доста го мачеше Синер. Двајцата тенисери успеаја да го задржат својот сервис и се чинеше дека ќе оди во тајбрејк. Сепак, Синер направи брејк во 11 гем кој потоа го потврди и го зголеми резултатот на 2:0.
Тука играта на Бублик целосно се распадна. Казахстанецот не успеа да освои ниту еден гем во третиот сет. Бублик целосно ја изгуби силата, што Синер го искористи правејќи три брејка и без никакви проблеми го приведе дуел кон крај.
Синер во полуфиналето ќе игра против победникот од мечот Новак Ѓоковиќ – Александер Зверев.