Свет

Силен земјотрес ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди Флегрското Поле во Италија  , а беше почувствуван и во Неапол.

Земјотресот бил почувствуван во Неапол околу 1.25 часот, јави агенцијата АНСА.

Во населбата Бањоли се урна таван во куќа од која едно лице е извлечено и е во стабилна состојба. Причинета е мала материјална штета и на други објекти во таа област. 

Голем број граѓани ги напуштија домовите и излегоа на улица.

Набрзо по првиот земјотрес следеше уште еден во 1:40 часот, со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала, со ист епицентар на Флегрското Поле. Во 1,47 часот следеше трет земјотрес со јачина од 1,1 степени.

Земјотресот бил почувствуван и во повеќе делови од регионот на Кампанија. 

Епицентарот на главниот земјотрес бил во морето, на длабочина од два километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons