Силен земјотрес утрово во Македонија
Земјотрес со магнитуда ML 3.0 според Рихтеровата скала е регистриран утринава во 05:31 часот, со епицентар 80 километри југоисточно од Скопје, во подрачјето меѓу Дојран и Кукуш.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија на Македонија, потресот е почувствуван во Дојран и околните населени места со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Нема информации за причинета штета, а ваквите потреси се вообичаени за ова сеизмолошко подрачје. Сеизмолошката опсерваторија продолжува да ја следи состојбата.