Сибирска експлозија ни следува по 20 јануари, температури и до -25°
Метео анализа на Славчо Попоски:
Веќе многу добро знаеме сите дека од овој викенд Македонија влегува во нов ладен период кога повторно очекувам пад на температурите и појава на мразеви особено во ноќните и во утринските часови. Овој ладен бран кој ќе продре од исток и од североисток повремено ќе условува да имаме слаби локални врнежи кои полека ќе преминат во снег и во градовите. Но сепак како што кажав се работи за слаби и локални снежни врнежи без најава за формирање на голема снежна покривка.
Она што е интересно да се каже и постојано го следам е тоа дека постои веројатност од 20 Јануари па во деновите потоа цела Европа и целиот Балкан повторно да бидат погодени од Сибирска експлозија, овој пат многу посилна од претходната која неодамна не зафати и истата ќе услови да имаме екстремно ладно време. Очекуваните температури ќе бидат длабоко под нулата на многу места дури и преку ден а наутро и во ноќните часови во делови од Европа и Балканот се очекуваат температури дури и под -25 степени.
Барем од она што можам сега да го кажам за снежните врнежи, тие се сеуште неизвесни и барем одсега гледано доколку се оствари овој екстремно ладен Сибирски бран некои многу обилни снежни врнежи нема да има.
Да напоменам дека со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна метео анализа промени во истата се можни па затоа граѓаните ги советувам да ги следат моите краткорочни метео анализи кои се со веројатност за остварување со можност за повеќе од 90 % за остварување на истите, и секако добро е да се следат за да не дојде до забуна кај граѓаните.



