Македонија

Се трага по четири лица откако автомобил падна во Вардар кај Рашче 

Попладнево автомобил излетал од патот Сарај – Рашче и се превртел во реката Вардар.

Алсат, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека неофицијално станува збор за постар брачен пар, нивната невеста и еден од синовите на брачниот пар.

Алсат дознава дека петиот сопатник е 5-годишно дете кое излетало од автомобилот при превртување на автомобилот во реката Вардар. Детето го пронашле случајни минувачи и со нивна интервенција било донесено во болницата 8 септември во Скопје.

Се уште нема јасна слика за здравствената состојба на детето, додека од останатите 4 лица се уште се трага.

На местото на несреќата веќе се пристигнати полиција и нуркачи, кои учествуваат во потрагата по останатите 4 лица, од кои во моментов нема трага.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons