Актуелно

Се случува „експлозија“ на цената на гасот во Европа

Расте цената на гасот во Европа и надмина 3.300 долари. 

Toa e раст од повеќе од 10 отсто, покажуваат податоците од лондонската берза ICE.

Тргувањето денеска се отвори со нивото малку над 3.080 долари за илјада метри гас, што претставува раст од 3 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден. По 17 часот по македонско време, цените се зголемија за 10,8 отсто на 3.312,5 долари за илјада метри кубни гас. Динамиката на котациите се заснова на цента за порамнување од претходниот трговски ден од 2.990,6 долари, која беше рекордната во целиот период на работа на гасните хабови во Европа од 1996 година. Европа воведе санкции против Русија поради инвазијата на Украина и сега ги чувствува последиците. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons