Се роди првото бебе во новата 2025 во Македонија- еве која е мајката
Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство проследи информацијата дека прво роденото бебе оваа година е машко.
Тоа се наоѓа во добра здравствена состојба, истото е тешко 3,190 килограми и родено е точно во 00:01 часот.
Мајката на новороденчето е Сања Талевски.