МакедонијаНајново

Се продолжува забраната за движење во шумите – еве до кога ќе трае 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

-Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.

Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина, информира МЗШВ.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons