Магазин

СЕ ПОЖАЛИЛ НА БОЛКИ ВО ВИЛИЦАТА Лекарите останале шокирани кога откриле што го мачи седумгодишното момче (ВИДЕО)

Имаше вкупно 526 заби кои се движат од 0,1 милиметри (0,004 инчи) до 15 милиметри (0,6 инчи). И најмалото парче имало круна и корен, што укажува дека се работи за заби, изјави д-р Рамани.

Момче (7) се пожалило на силни болки во вилицата, а кога лекарите го прегледале останале шокирани – пронашле 526 заби.

Тоа било примено минатиот месец во градот Ченаи поради оток и болка во катниците во долната десна вилица. Кога лекарите ја прегледале неговата уста, откриле празнина во долната вилица исполнета со „ненормални заби“, вели д-р Пратиба Рамани, директор за орална и максилофацијална патологија на Факултетот за стоматологија и болница.

Додека траело вадењето на забите, на лекарите им требаше време да го прегледаат секој заб поединечно пред да ги потврдат своите наоди. Рентгенот на устата на момчето ја покажа „кесата“.

Откако ја откриле кесичката, двајца хирурзи ја извадиле од устата на момчето. Потоа на тимот на Рамани му требаа четири до пет часа да ја испразнат, да ја потврдат нејзината содржина и да извадат стотици заби.

– Имаше вкупно 526 заби кои се движат од 0,1 милиметри (0,004 инчи) до 15 милиметри (0,6 инчи). И најмалото парче имало круна и корен, што укажува дека се работи за заби – изјави Рамани.

Момчето е пуштено три дена по операцијата и се очекува целосно да закрепне. Лекарите рекле дека момчето боледува од многу ретка болест, а причината за таа болест сѐ уште не е позната.

– Тоа може да биде генетски фактор или може да биде последица на фактори на околината како што е зрачењето – вели д-р Рамани и додава дека момчето можеби имало веќе некое време толку многу заби.

Неговите родители им рекле на лекарите дека забележале оток на неговите образи кога имал три години, но не можеле многу да сторат поради тоа бидејќи тој не останувал мирен за да им дозволи на лекарите да го прегледаат.

Д-р П. Сентилнатан, еден од двајцата хирурзи кои го оперираа момчето, детално ја опиша процедурата за Си-Ен-Ен.

– Под општа анестезија му ги прободовме непцата со игла, но не му ја скршивме вилицата, што значи дека не е потребна операција за реконструкција. Кесата е отстранета. Можете да го замислите како еден вид балон со мали парчиња – рекол докторот и додал дека момчето сега има 21 здрав заб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons