МакедонијаНајново

Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун

За разлика од лани годинава е зголемен интресот за засадување на тутунот. Потпишани се околу 30.000 договори со очекуван принос од 27 милиони килограми на тутун, а исто така годинва е зголемена и бројката на хектари кои се планираат да се засадат и таа изнесува околу 14.000. Што е за околу 8% повеќе од лани и планирани површини и зголемени договори.

„Ова се должи на тоа што тутунот се плати со висока цена, досега највисока, и поради зголеменото задоволство и финансискиот бенефит кој го видоа тутунарите се зголемија и површините“, истакна Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија.

Претставници на Сојузот на тутунски здруженија присуствуваа на конференцијата на Европскатаа асоцијација УНИТАБ која се грижи за интересите на тутунопроизводителите, каде добиле ветување дека ќе бидат примени, иако Македонија се уште не е членка на ЕУ.

„На наредниот состанок во октомври месец во Неапол во Италија, треба да станеме полноправна членка на оваа Асоцијација која ги брани интересите на тутунопроизводителите и тајка мислиме дека многу повеќе ќе придонесеме за да го задржиме производството на тутунот“, додаде Ристески.

Македонија во моментов после Турција е втора земја во светот по производство на ароматичен тутун. Ова дава надеж дека македонската тутунски индустрија има големи шанси за развој во иднина.

„Поготово македонскиот тутун се бара на светската берза затоа што ние сме втори во светот по производство на ароматичен тутун, веднаш после Турција. Годишните потреби на ниво на свет за ароматичен тутун се околу 120-130 милиони килограми, а се произведуваат само околу 100.000, така што има недостиг од околу 20 до 30 милиони секоја година“, истакна Ристески.

Инаку годинава тутунарите бараа 510 денари за прва класа, а од откупувачите добија само 420 денари. Дали ќе има зголемување со анекси на договорите ќе се знае до крајот на годината.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons