Свет

СЕ БАРА ИСТРАГА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Украински обвинител тврди дека 410 тела се најдени во околината на Киев 

Фотографиите од Буча покажуваат најмалку 20 мажи во цивили пронајдени расфрлани низ улица, меѓу кои и маж со рацете врзани зад грб со парче ткаенина, друг убиен крај велосипед.

Вкупно 410 тела се пронајдени во градовите во близина на Киев, како дел од истрагата за можни воени злосторства извршени од страна на Русија, изјави државниот обвинител на Украина.

Градоначалникот на Буча, ослободен град на 37 километри северозападно од Киев, соопшти дека 300 жители биле убиени од руските сили додека чеченските борци ја контролирале областа.

Украинските власти почнаа да ги враќаат областите околу главниот град откако руските сили се повлекоа во последните денови. Но по враќањето на контролата, затекнаа призори кои го ужаснаа светот. Тие наидоа на последици од масакр, за кој тврдат дека го извршиле силите под контрола на Русија. Од друга страна, Москва негира такво нешто и тврди дека зад убиствата на цивилите стојат украински радикали и националисти и бара итна седница на СБ на ОН за ова прашање.

Фотографиите од Буча покажуваат најмалку 20 мажи во цивили пронајдени расфрлани низ улица, меѓу кои и маж со рацете врзани зад грб со парче ткаенина, друг убиен крај велосипед.

– Труповите на егзекутираните луѓе сè уште лежат на улицата Јаблуска во Буча. Рацете им се врзани зад грб со бели „цивилни“ ткаенини, биле застрелани во задниот дел од главата. Па можете да замислите какво беззаконие извршија овде – изјави претходно за Ројтерс градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, пренесува Си-Ен-Ен.

Масовна гробница е откриена во Буча, каде биле погребувани телата во првите денови од војната, велат жителите. Тим на Си-Ен-Ен видел најмалку десетина тела во вреќи со тела натрупани во гробот. Некои веќе беа делумно покриени. Локалните жителите за Си-Ен-Ен изјавија дека таму се закопани околу 150 луѓе. Градоначалникот на Буча рече дека може да има до 300 закопани жртви.

Западните лидери, вклучително и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, повикаа на истраги за воени злосторства и зголемување на санкциите кон Русија. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вети дополнителни санкции за Русија, додека генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече дека независната истрага за убиените цивили во Буча е „суштинска“. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека сликите покажуваат „бруталност кон цивилите, каква што не сме виделе во Европа со децении“. – Ниту една количина на дезинформации од Кремљ не може да ја сокрие вистината за убиствата на цивили во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons