Свет

Сенатот го одобри планот на Трамп за намалување на 9 милијарди долари за странска помош и медиуми 

Американскиот Сенат го потврди планот на Доналд Трамп за намалување на милијарди долари средства за странска помош и финансирање на јавни медиуми, што е уште една победа за републиканскиот претседател во Конгресот без голем отпор.

Сенатот со 51 глас „за“ и 48 „против“ го прифати барањето на Трамп за намалување на средствата од 9 милијарди долари кои претходно беа одобрени од Претставничкиот дом.

Најголем дел од овие средства се однесуваат на програми за помош на странски земји кои се борат со болести, војни и природни катастрофи, но со планот се одзема и 1,1 милијарда помош за Корпорацијата за јавна радиодифузија што требаше да ја добие во следните две години.

Трамп и неговите сојузници тврдат дека трошењето средства за јавни радиодифузни услуги е непотребен трошок и го отфрлаат известувањето на тие медиуми како пристрасно против десницата.

Предметните 9 милијарди долари се исклучително мала сума во контекст на федералниот буџет од 6,8 трилиони долари и претставува само мал дел од сите средства претходно одобрени од Конгресот, кои администрацијата на Трамп ги задржа додека спроведуваше големи намалувања.

До средината на јуни, Трамп веќе блокираше 425 милијарди долари финансирање претходно одобрено од Конгресот, тврдат демократските пратеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons