Спорт

Селекторот Грчевски го скрати списокот за решавачките дуели за ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат нови предизвици во квалификациите за Европското првенство, со решавачките два натпревари во април.

Селекторот Кристијан Грчевски го скрати списокот и се одлучи за 20 ракометарки на кои ќе смета за пресметките со Германија и Словенија.

Во составот нема да биде една од клучните фигури, Сара Ристовска, која поради повреда нема да може да помогне на националниот тим.

Македонија прво ќе ја пречека Германија на 8 април, а потоа следува гостувањето кај Словенија четири дена подоцна. Репрезентацијата ќе ги започне мини-подготовките со собир во Скопје на 6 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons