Селекторот го избра тимот за Литванија: Николов доби предност пред Петков
Македонскиот селектор Алек Јончевски ги избра дванаесетте кошаркари кои ќе добијат шанса за настап на денешниот натпревар против Литванија (18 часот, СРЦ „Кале“).
Стручниот штаб се соочи со бројни проблеми поради отсуствата на Димтиријевиќ, Шортс, Хап и Јакимовски, надополнети со повредата на Магдевски, но Јончевски на крајот се реши од листата играчи кои тренираа изминатите денови да отпадне Марин Петков. Пред него преднот доби Страхил Николов, како јасна определба на селекторот за опција плус во борбата под обрачите, каде сме „најтенки“ во ситуација кога Хап нема да биде на располагање.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ:
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Лејсон Зеќири
Страхил Николов
Стојан Ѓуроски
Бобан Стајиќ
Адем Мекиќ
Кристијан Николов