Актуелно

Секој студент ќе добие 250 евра за набавка на електронски уред 

Од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, а нема повеќе од 29 години ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за набавка на електронски уред.

Пратеникот на од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов посочи дека младите се во фокусот на оваа Влада, дека сѐ што е ветено е испорачано како со проширувањето на опсегот за студентски оброк така и со вредносните ваучери за студентите, односно ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава се остваруваат за разлика од седумгодишното владеење на минатата власт.

„Ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава пред младите луѓе не се декларативни. Младите луѓе во Република Македонија добија партнер од страна на Владата, младите повторно имаат мајка Македонија, а не маќеа, како што беше седум години. Секогаш ќе настојувам мојата партија да ги застапува младинските интереси вистински и во пракса, а не само декларативно преку видеоспотови и празни флоскули. Со Законот за вредносните ваучери 250 евра за секој студент во државата многу бргу ќе биде реалност, а во иднина и многу други работи со оваа Влада и ова владејачко мнозинство ќе стануваат реалност“, рече Попов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons