МакедонијаНајново

Секоја година се помалку ученици 

Уште една година со пад на бројот на ученици во основните и средни училишта. Белата чума изминативе неколку години засилено задава удар во државата. На почетокот од учебната година се запишале 2000  основци помалку од лани.

Средните училишта се со околу 3000 средношколци помалку. Ваков пад има повеќе од една деценија, а податоците ќе бидат уште позагрижувачки на крајот од учебната година. Причините се добро познати според експертите и очекувани, бидејќи природниот прираст се намалува а исселувањето се повеќе зема замав.

Доколку се направи подлабинска анализа споредувајќи ги податоците од тоа како се движи трендот во Европа, Герасимовски смета дека може да се очекува исселувањето да запре. 

Потенцира дека на државата и е нужно неопходна национална стратегија, особено добар план за образовниот систем за овие состојби да се подобрат. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons