СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО: Амблемите на полицијата преведени на албански јазик
Првиот вицепремиер Артан Груби на Фејсбук се пофали со новите униформи на полицијата.
Имено, Груби и Владата денес ги промовираа новите двојазични униформи и автомобили кои покрај македонски и англиски испишани се и на албански јазик.
„Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме. Веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница“, објави Груби на својот фејсбук профил.