МакедонијаПолитика

СДС повторно во прегратка со Али Ахмети за локалните избори 

Искусен политичар е Али Ахмети, доста искусен, изјави потпретседателката на СДС Ана Чупевска

Во гостување на поткастот „Претрес со Ландов“ потпретседателката на СДС Ана Чупевска со возбуда и восхит збореше за Али Ахмети и нивната можна коалиција на локалните избори.

И после казната на ланските избори СДС повторно размислува да падне во прегратките на ДУИ. Ана Чупеска во интервјуто беше прашана дали планираат повторно да го носат ДУИ на плеќи.

Ние сме отворени да соработуваме со сите партии, меѓу нив е и ДУИ. Коалицирањата ќе бидат „Тејлор Мејд“ во околностите кои треба да бидат бирани кандидатите, одговори Чупеска.

Додаде дека доколку принципиелните позиции кои што би ги договориле не биле доведени во прашање, не би имале проблем СДС да коалицира со Али Ахмети.

Искусен политичар е Али Ахмети, доста искусен. Тој збор мислам дека многу кажува. Он има вистина големо искуство во политиката и вешто ги брани интересите на луѓето кои ги застапува, одговори Ана Чупеска на прашањето, какво мислење има за Али Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons