МакедонијаНајновоПолитика

Сајкоски: Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! Од 27 август до 3 септември на плоштадите во градовите низ државата и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, собираме предлози за програмите за локалните избори 

Почитувани, 

ВМРО-ДПМНЕ секогаш го слуша народот. Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат преточени во проекти во програмите, а потоа и да бидат реализирани од позиција на власт.

Во пресрет на локалните избори оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во период на пишување на програми за кандидатите за градоначалници ширум Македонија, со таа цел ангажирани се експерти, професори, истакнати личности од скоро сите струки, како и политичари од партијата со долгогодишно искуство.

Овие експерти, ќе имаат за задача да ги преточат потребите на граѓаните во конкретни проекти, со финансиска рамка и рок на реализација.

Со цел добивање на јасна слика за потребите и предизвиците со кои граѓаните се соочуваат, ВМРО-ДПМНЕ отпочнува 7 дневна теренска кампања за собирање за идеи и предлози за проекти, кои ќе бидат опфатени во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

Од среда, 27 август, до среда 3 септември, ќе ја спроведуваме акцијата – Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!

Од 27 август до 3 септември во временски период од 17 до 21 часот, во сите општини низ државата, на плоштадите или прометните локации во истите ќе бидат поставени штандови дел од акцијата Предложи! Вистинската идеја за вашата општина! каде граѓаните на посебен формулар за оваа акција ќе можат да напишаат своја идеја која сакаат да ја видат реализирана како проект од идните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Во истиот временски интервал ќе бидат отворени и сите штабови низ државата каде членовите на партијата и граѓаните исто така ќе може да ја дадат својата идеја или предлог за проект.

Истовремено во истиот период граѓаните ќе можат да ги достават своите идеи и предлози за проекти по електронски пат, на адресата:vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk. Каде ќе бидат разгледани исто како и предлозите и идеите од штандовите и штабовите од тимот експерти кои ќе ги пишуваат програмите.

Очекуваме масовен одзив на граѓаните, се со цел што е можно подетални и содржајни програми со проекти кои извираат директно од нив и нивните потреби.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=-22RGeKERVg

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons