Спорт

Сараево го потврди и третиот Македонец! 

Македонскиот репрезентативец Агон Елези е нов член на босанскиот прволигаш Сараево. Клубот од „Кошево“ денеска и официјално го потврди трансферот, соопштувајќи дека 24-годишниот фудбалер потпишал договор до јуни 2028 година.

Елези пристигнува како слободен играч, откако претходно го раскина договорот со германскиот Бохум. Со тоа, тој се приклучува на своите сонародници Стефан Ристовски и Крсте Велкоски (технички директор) кои веќе подолго време се дел од тимот на Сараево.

Во својата досегашна кариера, Елези настапуваше за клубови во неколку држави, покрај Бохум, играше и за Горица и Вараждин во Хрватска, Скендербеу и Влазнија во Албанија, како и за македонскиот Шкупи. Сараево со овој потег јасно најавува амбиции за враќање на шампионските патеки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons