Само 53 нови случаи на Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 546 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19.Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции. Регистрирани сe 103 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, е регистрирано едно починато лице од Скопје (82г), починат во болнички услови. Пријавеното лице е починато на 10.09.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесува 570.