Само небото е граница за Дуплантис: По 12. пат сруши светски рекорд!
Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантисповторно го помести границите во атлетиката. На митингот од Дијамантската лига во Стокхолм, пред домашната публика, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со неверојатни 6 метри и 28 сантиметри.
Ова е веќе 12-ти пат како талентираниот Дуплантис го подобрува светскиот рекорд, со што ја потврдува својата доминација во дисциплината. Претходниот рекорд, поставен пред само неколку месеци во Клермон, Франција, изнесуваше 6,27 метри.
Дуплантис, инаку двократен олимписки шампион, уште еднаш докажа дека во моментов нема вистинска конкуренција.