САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ
САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ, изјавија од Стејт департментот откако бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков во Битола присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим „Ванчо Михајлов“.
Изјавата беше дадена по прашање од МИА како САД реагираат на постапката на бугарската делагација предоводена од Петков на отварањето на културен центар именуван по контраверзна личност која соработувала со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна, што не е во прилог на решавањето на тековните проблеми меѓу Македонија и Бугарија.
– САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ, изјави портпарол на Стејт департментот.
Слично денеска изјави и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во телефонски разговор со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Ескобар ја истакна од потребата за што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји и старт на преговорите со ЕУ.
Извор: Фокус