Свет

САД од денеска ги намалуваат домашните летови за четири отсто поради затворањето на Владата

Федералната администрација за воздухопловство на САД (ФАА) им нареди на авиокомпаниите да ги намалат домашните летови за четири проценти почнувајќи од денеска на 40 главни американски аеродроми.

Ограничувањата стапуваат на сила во 6:00 часот наутро по источно време. ФАА наведе загриженост во врска со безбедноста на воздушниот сообраќај поради затворањето на Владата.

Во својата конечна наредба, ФАА соопшти дека ќе бара намалување од четири посто за 40 главни американски аеродроми до понеделник пред да воведе намалување од десет проценти почнувајќи од 14 ноември.

ФАА, исто така, воведува ограничувања за лансирања во вселената, но не и за меѓународни летови.

МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons