САД и Кина постигнаа договор
САД и Кина се договорија значително да ги намалат царините на меѓусебните стоки за период од 90 дена, по преговорите одржани изминатиов викенд.
Говорејќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите царини за 115 отсто“, откако се согласија на 90-дневна пауза.
Станува збор за значајна деескалација на трговската војна, која се разгоре минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија царините за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 20% наметнати за ограничување на увозот на фентанил во САД), додека Пекинг возврати со царини од 125% на американскиот увоз.
Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажаа голема почит“ за време на разговорите и дека „двете страни сакаат урамнотежена трговија“.