Спорт

РФМ немаше милост: Екипите кои си постигнуваа автоголови исфрлени од ракометот засекогаш, суспензии и за тренерите! 

Ракометната федерација на Македонија денеска ги соопшти одлуките за срамниот натпревар кој го одиграа Скопје и Гевгелија во Купот на Македонија.

Двете екипи во последните пет минути си постигнуваа автоголови и намерно ги промашуваа нападите.

Во РФМ со право немаа милост и двата клубови се засекогаш суспендирани од професионалните натпреварувања.

Покрај трајните суспензии за двата клуба, казни добија и тренерите на Скопје Валентина Радуловиќ и Веселинка Тренковска, како и тренерот на Гевгелија, Јулија Беќарова. Сите три нема да можат да работат нешто поврзано со ракометот во наредните две години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons