Спорт

РФМ го возобнови „Трофеј Македонија“ 

„Трофеј Македонија“ ќе се игра во Охрид, од утре до 20 септември. Покрај македонската репрезентација, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Египет, Грција и Тунис.

Ракометната федерација на Македонија го возобновува „Трофеј Македонија“. Турнирот ќе се игра повторно по пауза повеќе од една деценија.

Ова го соопштија челните луѓе на РФМ на денешната прес-конференција на која беше најавен и почетокот на „Ракометниот караван 2025“.

– Овие два значајни спортски проекти имаат за цел да го подигнат ракометот на повисоко ниво, да ја зајакнат љубовта кон спортот кај најмладите генерации и да го доближат ракометот до сите љубители низ целата наша земја. Со „Трофеј Македонија“ се отвора можност за уште поголема спортска афирмација и создавање традиција која ќе го збогати спортскиот календар, додека преку „Ракометниот караван“ ќе се реализираат активности низ целата земја со цел ракометот да се доближи до младите таленти и идни шампиони. РФМ уште еднаш ја потврдува својата мисија – развој, промоција и градење на иднината на македонскиот ракомет, изјави Александар Стефанов, претседател на Ракометната федерација на Македонија.

„Трофеј Македонија“ ќе се игра во Охрид, од утре до 20 септември. Покрај македонската репрезентација, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Египет, Грција и Тунис.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons