Спорт

Роналдо е прогласен за најдобар на сите времиња 

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња во изборот кој го организираше Фудбалската лига на Португалија.

Во образложението за наградата стои дека Потугалецот е идол на милиони (можеби и милијарда) луѓе и дека обележил една ера која оставила огромна трага во светскиот фудбал.

Роналдо не приуствуваше на церемонијата, но се обрати со видео порака.

„Благодарен сум на сите соиграчи кои во текот на кариерата ми помогнаа да го освојам овој важен трофеј за мене. Исто така тука се и тренерите кои ми помагаа да станам подобар“, порача Роналдо.

Роналдо е светски рекордер по бројот на настапи и голови за националниот тим, пред два дена против Унгарија го одигра 223 натпревар и го постигна 141 гол за Португалија во победата од 2-3.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons