Спорт

Рома тропа на вратата на Елмас, македонскиот фудбалер е пред враќање во Серија А

Авантурата на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во Лајпциг е неуспешна, неговата идеална лига е Серија А, а се шпекулира дека може да заигра и за трет клуб во Италија.

Според италијанските медиуми, Елмас е на радарот на Рома која сака да го види нашиот фудбалер во своите редови.

Лајпциг гледа каде да го продаде Елмас, германскиот клуб исто како и фудбалерот не сакаат да ја продолжат соработаката, па се бара најбезболниот начин на разделба и за двете страни.

Елмас минатата полусезона се врати во Торино и имаше импресивни шест месеци во кои го потврди својот квалитет.

Токму овие игри, но и претходните настапи за Наполи е она што ја заинтересира Рома за македонскиот фудбалер.

Во наредните денови ќе се знае колку овој интерес на Рома е сериозен и дали римската волчица е подготвена да ја плати бараната сума од Лајпциг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons