Родна Живковска, Саво Климовски и Љубомир Јовески меѓу кандидатите за уставни судии
По речиси една година откако Уставниот суд работи со намален број на судии поради испразнети места, денеска се состана собраниската Комисија за избори и именувања, откако пратениците, и од власта и од опозицијата, известиле дека сакаат да достават предлог-имиња.
Седницата ќе продолжи попладнево за да се утврди процедурата.
Треба да се утврди предлогот за избор на четири уставни судии, а владејачката партија неофицијално ги предлага, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ, Скендер Рауфи и други.
Од опозицијата брифираат дека ќе достват предлог од шест кандидати, меѓу кои професорот Саво Климовски, Родна Живковска, Тодор Витларов и други.
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, досега во повеќе наврати апелираше до пратениците да седнат и да изберат уставни судии за да може судот да функционира.
Опозициската ВМРОД-ПМНЕ веќе три дена ја спроведува најавената активна блокада на работата на Собранието. Од партијата најавија дека нема да ги блокираат само оние закони кои се од интерес за граѓаните.