МакедонијаНајново

Речиси секој втор возрасен во Македонија е активен пушач 

Речиси секој втор возрасен во Македонија е активен пушач, а домаќинствата со пушачи издвојуваат повеќе од 13 проценти од својот семеен буџет за цигари. Ова се поразителни бројки што директно влијаат врз здравјето, сиромаштијата и економскиот развој на земјата.

Искуствата во регионот покажуваат слична состојба, но сите се едногласни во фактот дека можеби не може многу да се направи за возрасните зависници, но може да се превенираат нови зависници од тутун меѓу младите. Со силна поддршка на медиумите, и соработка на надлежните владини институции и граѓанскиот сектор може да се постигне повеќе во намалување на зависноста од тутунски производи: Ова беше најсилниот заклучок од работилницата „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје“, која се одржа на 2 октомври 2025 година во Скопје. Настанот, организиран од Аналитика тинк тенк со поддршка на Johns Hopkins University и Bloomberg Philanthropies, ги обедини претставниците на медиумите, истражувачите, државните институции и меѓународните организации. Клучната порака беше јасна: пушењето е јавноздравствена криза што бара итни и заеднички одговори, преку превенција, едукација, зголемување на даноците и контрола на индустријата.Според податоците од истражувањето на Аналитика Тин тенк 48,4% од возрасните во Македонија се пушачи. Домаќинстватасо пушачи трошат во просек 13,2% од буџетот на цигари – значително повеќе од 10,3% во 2018 година. „Овие бројки покажуваат дека пушењето буквално го истиснува буџетот потребен за храна, образование и здравје. Тоа не е само здравствен проблем, туку и двигател на сиромаштијата,“ предупреди Тамара МијовиќСпасова од Аналитика тинк тенк. Таа додаде дека пушачките семејства во просек трошат и многу повеќе за алкохол, дури 12,5% од буџетот, наспроти само 1,1% кај непушачките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons