Магазин

Рецепт за фокача – италијанска погача: Ремек-дело на чинија 

Фокача е италијански рамен леб сличен на нашата погача. Се пече на традиционален начин во рерна, но се разликува по тоа што одозгора е украсена со зачински билки и зеленчук.

Оваа погача е вистинско ремек-дело на чинија – колку повеќе зеленчуци и зачини додадете, толку повкусна станува.

Состојки:

– 500 г брашно

– 2 лажички сол

– 1 сув квасец

– 450 мл вода

– 4 лажици маслиново масло

– 1 чешне лук

– опционално за декорација: рузмарин, домат, маслинки

Подготовка:

Измешајте сол, брашно и квасец, а потоа додајте топла вода и маслиново масло. Оставете да отстои два часа на собна температура.

Намрсете плех со зејтин и префрлете го тестото, а потоа оставете го уште 30 минути на собна температура. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер 24 часа.

Врз тестото може да додадете исечкан лук, рузмарин, маслинки и чери домати. Фокачата печете ја на 220 степени, 15-20 минути, односно додека добие златна боја.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons