Ретко кој доживеал нешто такво: Де Лихт секоја сезона има нов тренер
Од своето професионално деби во 2016 година, Матијс де Лихт има навистина необична и речиси неверојатна тренерска судбина.
Холандскиот стопер секоја нова сезона во својата кариера ја започнувал со нов шеф на стручниот штаб, без разлика дали станува збор за Ајакс, Јувентус, Баерн Минхен или Манчестер јунајтед, што е редок, ако не и уникатен случај во модерниот фудбал.
Интересната хронологија изгледа вака:
• 2016/17: Петер Бош (Ајакс)
• 2017/18: Марсел Кајзер (Ајакс)
• 2018/19: Ерик тен Хаг (Ајакс)
• 2019/20: Маурицио Сари (Јувентус)
• 2020/21: Андреа Пирло (Јувентус)
• 2021/22: Масимилијано Алегри (Јувентус)
• 2022/23: Јулијан Нагелсман (Баерн Минхен)
• 2023/24: Томас Тухел (Баерн Минхен)
• 2024/25: Ерик тен Хаг (Манчестер Јунајтед)
• 2025/26: Рубен Аморим (Манчестер Јунајтед)
• 2026/27: ?
Фактот што де Лихт никогаш не започнал две последователни сезони со ист тренер дополнително ја нагласува нестабилноста на средините во кои настапувал, но и неговата способност брзо да се прилагодува на различни системи и филозофии. Останува да се види дали сезоната 2026/27 конечно ќе му донесе континуитет или оваа бизарна низа ќе продолжи.



