Колумни

Ретерирање

Веќе одамна на сите граѓани им е  прекуглава од лажната загриженост и промените и проектите кои што се најавуваат со фанфари ,а ефектите од нив никако никој да ги почувствува.Овој заклучок во претходнава реченица и не мора надолго и нашироко да се елаборира и објаснува.Едноставно во секое поле се среќаваме  со проекти кои се најавуваат, делумно се спроведуваат, а кога ќе предизвикаат реакција во јавноста, се повлекуваат и доведуваат во првобитната состојба.

Ретерирање, чисто ретерирање.

Најпластично може да се земе спроведувањето на прогреснивното оданочување со данокот на личен доход.Малку е да се каже дека е несериозно во Октомври месец да се најави нов начин на оданочување кој ќе се применува од први Јануари следната година.Во тој период на сите поголеми компании плановите за  годината што доаѓа им се изготвени и пресметките за даночните расходи калкулирани според  постоечките важечки стапки. За разлика од домашните компании навикнати на шокови, странските компании запрепастени од даночните политики, кои се носат од денес за утре немаат избор освен реакција до нивните стопански комори.Впечатокот дека носењето на одредени промени е неиздржано и неосновано на анализи и пресметки и … се надополни со само неколкумесечното оданочување според овој начин.

Не измина ниту цела една календарска година за да може да се согледаат позитивните и негативните ефекти од промената, владата ретерираше и ја одложи примената на овој начин на оданочување до некоја далечна 2023 година. Но и  2023 година ќе дојде за само неколку месеци, а на компаниите и граѓаните веќе им се најави, секако неофицијално, дека постои  можност да се укине, а не да се одложи прогерсивното оданочување со данок на личен доход.

Глинениот гулаб е летнат во воздух, па владата сега ќе ги мери реакциите и според нив ќе донесе одлука, која од досегашното искуството  ќе се објави во 5 до 12 часот.

Од тој тип на изјави, повторно му даваме простор на прашањата:

Врз основа на што се засноваат тие најави ? Врз основа на анализи,пресметки или …? Кој ги изготвил?

И најсуштинското прашање :

Дали тие анализи ги изработуваат сосема други експерти  кои имаат спротивни ставови од претходните аналитичари кои ги донеле како промени ?

Дали промените се само за да има некакви промени или со истите се сака да се негира постоечкиот систем?

Најчесто одговорите на прашањата се наоѓаат во самите прашања.

Мора да сме сериозни во врска со климата која има ја создаваме на компаниите, оние кои ги преживуваат последиците  од пандемиската здравствена, економската, енергетската и инфлаторната криза.

Посебно се осетливи  економиите како нашата кои се континуирано во фаза на транзиција и развој,пропратени од  „еднострани“ зголемувања на минималната плата, проектот недела неработен ден,зголемување на пензиите…

Дополнително на никому не му се од корист неофицијални изјави,освен што со нив го проверувате пулсот на јавноста,од истите се гледа нестабилноста и неиздржаноста во донесувањето на недоволно оправдани решенија.

Ретерирањето минатиов месец го видовме и во пресметката за зголемување на пензиите.Без разлика дали тој модел ќе го наречете швајцарски или ќе му дадете некое друго звучно име, реалноста е дека пензионерите наназад од 2018 година не добиваа зголемување на пензиите.

Кој ќе ги надомести приходите кои што годиниве наназад некој не ги добил или морал да ги плати?На која сметка ќе се испорача трошокот за експериментите кои се направиле, за по одреден временски период да се ретерира на претходното решение кое било поефикасно?

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons