Спорт

Репрезентацијата на Македонија го одработи првиот тренинг во Абу Даби

Македонската Фудбалска Федерација го искористи необичниот ФИФА прозорец за да закаже пријателска средба со Саудиска Арабија, а стручниот штаб предводен од Благоја Милевски и неговите избраници веќе се во Абу Даби.

Селекцијата составена од само три интернационалци и огромен број на играчи од Првата македонска фудаблска лига вечерва го одработила првиот тренинг во оваа земја, а оттаму пристигнаа и првите фотографии и изјави кои ги пренесе ФФМ.

Милевски најави дека овој тест ќе биде добра шанса за докажување на фудбалери кои редовно добиваат шанса во своите тимови во Првата лига, односно тој ќе може да процени дали поседуваат материјал за репрезентативни повици во иднина.

– Ова е еден тест натпревар како за нас така и за нив. Мислам дека се работи за квалитетен тим кој ќе игра на Светското првенство. Очекувам еден квалитетен натпревар, мислам дека сите играчи ќе го дадат својот максимум за да му докажат на селекторот дека може да смета на некои имиња од овој тим и во следните натпревари, – изјави Влатко Стојановски, напаѓачот на Шкендија.

– Ги стартувавме подготовките во Абу Даби, фокусот е кон Саудиска Арабија, силна репрезентација која ќе биде силен тест за нас. Сакаме да покажеме дека вредиме и дека селекторот може да смета и на нас. Се надевам дека работите ќе одат според нашиот план, – изјави Методија Максимов од Работнички.

Натпреварот се игра оваа сабота, 22. октомври.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons