Спорт

Рекордна сума: Колку пари ќе добијат ПСЖ и Челси за триумф на Светското клупско првенство? 

ПСЖ и Челси вечерва ќе се борат за трофејот на Светското клупско првенство но и богата парична награда, победникот во финалето ќе инкасира 40 милиони долари, додека пак поразениот ќе се теши со 30 милиони долари.

И покрај тоа што имаше многу противење, ФИФА успеа да го организира новото Светско клупско првенство со 32 клубови – турнирот во САД денеска се затвара со пресметката помеѓу Челси и ПСЖ на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси.

Главен адут на светската куќа на фудбалот за СПК беше богатиот награден фонд, односно 1 милијарда долари за распределба, па клубовите имаа можност за краток временски период да заработат и до стотина милиони.

Од резултатите на Светското клупско првенство, Челси и ПСЖ до сега имаат заработено 45,625 милиони долари на успесите остварени, односно по две победи во групната фаза (секој триумф носи 2 милиони долари), како и пласманите во осминафинале (7,5 милиони долари), во четвртфинале (13,125 милиони долари) и полуфинале (21 милион долар).

За победникот на финалето, ФИФА има подготвено 40 милиони долари, додека пак поразениот ќе се теши со 30 милиони долари.

Двете екипи ќе добијат и надоместок за учество кој се движи од од 12,81 до 38,19 милиони долари за клубовите од Европа, ФИФА ја нема потврдено точната сума за секој клуб, само посочува дека заработката зависи од спортски и комерцијални критериуми и се претпоставува дека Челси ќе добие помал дел од овој колач во споредба со ПСЖ.

Одредени проценки велат дека двата клуба од САД ќе си заминат со +100 милиони долари, па иако вредноста на доларот падна во однос на фунтата и еврото од почетокот на турнирот, и ПСЖ и Челси ќе бидат повеќе од задоволни ако во предвид се земе дека одиграа само 7 натпревари во 30 дена.

ФОТО: X/FIFA Club World Cup

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons