Рекорден трансфер на Фенер, а играчот во Турција ќе заработува двојно повеќе отколку во Италија
Турскиот гигант Фенербахче го промовира најскапото засилување во својата историја, откако во клубот пристигна Матео Гендузи од Лацио.
Францускиот фудбалер ќе биде плате 28 милиони евра, плус уште можни два низ бонуси. Оваа сума го става Гендузи меѓу најскапите трансфери во Турција, а е рекорден кога станува збор за Фенербахче.
Огромни ќе бидат и примањата на фудбалерот, какви што немаше ниту во Италија. Гендузи ќе заработува по пет милиони евра годишно, речиси двојно повеќе од платата во Лацио.



