РЕГУЛАТОРНА ГИ НАМАЛИ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА, по полноќ ќе се точи поевтин бензин и дизел
Регулаторната комисија за енергетика со последната одлука ги намалува цените на нафтените деривати за 1,67 отсто.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 2,00 денари за литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 денари за килограм.
Максималните цени на нафтените деривати по полноќ ќе изнесуваат:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на7.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.