РЕАНИМАЦИЈАТА НЕ ПОМОГНА: Бебе почина во болницата во Охрид
Во охридската болница починало едногодишно бебе.
Тоа е донесено во Охридската болница во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата е констатирана смрт.
Во СВР Охрид, денеска во 7.44 часот од Медицински центар Охрид пријавиле дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања е донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата е констатирана смрт без траги на насилство.
За настанот е информиран јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на семејството.