Реал Мадрид ја прекина црната серија против Барса, кралскиот клуб победи на Ел Класико
Реал Мадрид со 2-1 ја победи Барселона во првото Класико оваа сезона, сите голови и најголемите возбудувања се случија во првото полувреме.
Уште во втората минута судијата покажа пенал за Реал Мадрид, но со помош на ВАР ја промени одлуката.
Следуваше прекрасен гол на Мбапе кој беше поништен поради ептен мал офсајд. Но, брзо потоа Французинот постигна уште еден гол, овојпат регуларен за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Реал Мадрид доминираше, сепак Барселона во 38. минута направи една одлична акција која ја реализираше Лопез за израмнување на 1-1.
Нерешениот резултат траеше пет минути, тогаш Белингем даде гол и го врати водството на Реал Мадрид од 2-1.
По седум минути игра во второто полувреме Реал Мадрид доби пенал, но Мбапе промаши, Шчесни го одбрани неговиот удар.
Во судиското продолжение Педри беше исклучен поради втор жолт картон. А мечот заврши со многу тензија и кошкање од двете страни.
Со овие три бода, Реал Мадрид создаде предност од пет бода над Барселона на табелата.



