Расте бројот на партиите кои имаат услови за промени во Уставот
Албанските опозициски партии се обединуваат во ултиматумот за уставните измени. По Алијанса за Албанците сега и Движењето БЕСА условува – ќе гласаат за отворање на Уставот за внесување на Бугарите ама доколку се тргне терминот „20 проценти“ и албанскиот да стане службен јазик.
Пратениците на Алијанса на Албанците ќе поддржат менување на Устав само доколку албанскиот јазик стане службен заедно со македонскиот. Но ова е само едно од барањата кое ги испорачаа од партијата, сите услови прво ќе ги доставеле до странските амбасади а потоа до македонските институции.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак побара гаранции од ЕУ за да може да се разговара за отворање на највисокиот правен акт. За нив тргањето на терминот „20 проценти“ ќе значи и уривање на унитарниот карактер на Македонија. За албанските партии. Христијан Мицкоски најави дека може да се разговара за јазиците, но само ако се укинат нормите како Бадинтер и Балансер.
Засега нема реакција од двоецот СДСМ и ДУИ околу барањата на опозициските партии.
Од БЕСА на Касами пак не само што поставуваат ултиматум за уставните измени, почнуваат и подготовки за параламентарни избори, па ги повикаа партиите од албанскиот опозициски блок да застанат на една страна во битката против ДУИ.