Актуелно

Растат цените на овошјето и зеленчукот 

Само неколку дена од укинувањето на мерките со кои се држеа цените замрзнати, на зелените пазари низ Македонија веќе може да се забележи раст на цените на производите. 
Граѓаните се жалат на високите цени, додека продавачите на пазарите велат дека тие растат бидејќи растат и цените кај нивните добавувачи. 
Според некои неофицијални информации, за само неколку дена цените се зголемени за околу 10%.
Една од мерките која беше укината со почетокот на месецот беше онаа со која се ограничуваше царината при увоз на зеленчук и овошје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons