Спорт

Ракометната федерација на Македонија кажа „да“ за Регионална лига кај мажите и жените

Ракометната федерација на Македонија одржа состанок со претставници на сојузите во Србија, Македонија и Црна Гора, а тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција.

За време на состанокот беа разгледани различни модели на организација на натпреварувањето, вклучувајќи повеќе варијанти на лигашки систем, со цел унапредување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и зајакнување на регионалната соработка.

Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со висок степен на организација и професионални стандарди.

Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат усогласени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигите. На наведениот состанок ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.

Ракометните федерации продолжуваат со интензивна комуникација и соработка со цел реализација на овој значаен проект за развој на ракометот во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons