Ракометарките повторно загубија од Шпанија, но се враќаат со крената глава
Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа уште еден пораз од Шпанија, но овој пат му покажавме заби на фаворитот, беше 24-20 за нив.
Дуелот во Скопје го загубивме со 12 разлика, но денеска во Шпанија одигравме многу порамноправно против силниот противник.
Особено бевме добри во првото полувреме кое во целиот тек беше изедначено, на одморот Шпанија замина со предност од 10-9.
Во вториот дел Шпанките успеаа да се одлепат, дојдоа и до највисоки осум голови разлика, беше 22-14, но имавме добар финиш со кој го ублаживме резултатот на конечни 24-20.
Маџовска постигна четири гола, Кипријановска реализираше три за Македонија, во составот на Шпанија Пинто беше најдобра со четири гола.
Последните два меча од квалификациите ги играме во април кога најпрво му гостуваме на Азербејџан, а потоа ја пречекуваме Литванија.