Ракометарите ќе поделат 50.000 евра ако се пласираат на Европското првенство
Ракометната федерација на Македонија соопшти дека ракометарите ќе поделат премија ако успеат да се пласираат на Европското првенство.
Половина од премијата ќе ја додели РФМ, а половина Министерството за спорт.
„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија,согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлукa согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен пласман на претстојното европско првенство преку квалификациски натпревари против репрезентациите на Естонија и Литванија во рамки на Men’s EHF EURO 2026 – Qualification Phase 5&6 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ од РФМ.
Како дополнитена мотивација од Министерстото за спорт по одлука на Министерот за спорт Г-дин Борко Ристовски вети дополнителна парична награда од 1.500.000,00 денари нето износ, за нашата машка сениорска репрезентација за
пласман на Европското првенство“, стои во соопштението на РФМ.
Македонија на 8 мај игра против Естонија на гости, а три дена подоцна ја пречекуваме Литванија. Најверојатно ќе мора да ги добиеме и двата меча за да се пласираме на континенталниот собир.