Ракометарите и претседателот Мукаетов, специјални гости на Амбасадарот на САД во Скопје
Машката ракометна репрезентација на Македонија предводена од селекторот Кире Лазаров и од претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, беше свечено примена во Амбасадата на САД, на посета на Амбасадорката Ангела Агелер.
Амбасадорката Агелер им дава поддршка на ракометарите од трибините, таа беше крај претседателот Мукаетов и на натпревар од СП 2025 во Вараждин, а по добриот настап на Македонија на ова големо натпреварување реши свечено да ја покани целокупната репрезентација на мала свеченост.
„Денес на покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави , нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер , беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим. Во рамки на посетата Претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов и Селекторот г-дин Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025. РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави “, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална фејсбук-страница.

