Ракометарите денеска на победа против Катар за подобар пласман на СП
Македонската ракометна репрезентација денеска против Катар го игра вториот натпревар во главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија во првото коло одигра нерешено против Австрија, и сега има два бода на табелата. Ако го совлада Катар, ќе биде блиску до четвртото место, и ќе се бори за подобар пласман на Мундијалот.
Во некои луди тероии, Македонија има шанса и за второто место, но за да се оствари тоа, треба покрај Катар, да ја победи и фаворизираната Франција во последното коло, а да се поклопат резултатите од другите мечеви.
На клупата на Катар е добро познато име – Веселин Вујовиќ, кој беше тренер на Вардар во минатото и селектор на Македонија.
Селекторот на Македонија, Кире Лазаров очекува неизвесен натпревар.
„Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат“, изјави Лазаров.